2win800x200

Првиот блок во РЕК саниран по испадот од невремето во саботата

Март 19, 2018

Санирана е состојбата со Блокот 1 од РЕК „Битола“ по испадот од невремето во саботата.

Од ЕЛЕМ соопштија дека невремето што викендов ја зафати Битола, во РЕК предизвикало испад на Блокот 1 од системот за производство на електрична енергија, а санирањето на состојбата траело дури до утринските часови, денес.

„Поради невремето во Битола, во саботата, проследено со силен ветер, дожд и електрични празнења, дошло до надворешен удар на мрежата што предизвикало пукање на одводник за пренапон на Блок 1 и автоматски од безбедносни причини Блокот го одвоил од мрежата“, пишува во соопштението на ЕЛЕМ.

Настанот се случил во саботата вечерта во 23.50 часот и санирањето на состојбата траело до денес, односно два часот во раните утрински часови. По испадот на Блок 1, веднаш е активиран Блок 3 на негово место, кој досега се држеше во резерва и производството продолжи преку Блок 2 и 3, а исто така поради полните акумулации електрична енергија во овој период во значајна мера се обезбедува преку хидроцентралите, велат од ЕЛЕМ.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани