2win800x200

Со еколошки акции општината и јавните претпријатија ќе го одбележат почетокот на пролетта

Март 20, 2018

Општина Битола и сите јавни комунални претпријатија оваа недела со низа еколошки активности ќе го одбележат доаѓањето на пролетта. Денеска со механизација на јавните претпријатија се расчистуваше просторот зад паркингот кај новиот пазар кој беше затрупан со отпад и обраснат со вегетација.

-Долго време овој простор целосно беше запуштен, а денес ќе се расчистува во акција на сите јавни притпријатија во синхронизација со општината. Граѓаните во изминатиот период укажаа дека овој простор ваков каков што е им пречи. Нашата намера е цела седмица да имаме низа акции, а ќе бидат чистени депонии кои што се наоѓаат на територијата на градот, ќе бидат зарежувани дрвца, а ќе бидат засадени и нови садици во паркот но и на други локации во градот. Не сакаме доаѓањето на пролетта да го означиме само со една акција во еден ден, туку потребно е да имаме активности постајано на терен. Училиштата ќе го одбележат почетокот на пролетта со свои активности во соработка со ЈП „Комуналец“. Како ќе се органиираат, оставаме на нивната креативност, а нераскинлив дел од овој процес е будењето на свеста особено кај младите, дека одржувањето на животната средина и хигиената е нешто што треба постојано да го правиме и свеста треба да ни биде на високо ниво, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола

Cistenje deponija nov pazar 01

Од ЈП „Комуналец ги повикаа сите граѓани да пријавуваат депонии со гломазен отпад,.

-Во рамките на оваа акција ЈП „Комуналец“ ги поканува граѓаните да пријавуваат локации каде има гломазен отпад, мебел , електро и елктронски отпад. Оваа акција ќе се одвива подолго и постојано ќе имаме соработка со граѓаните во таа насока, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“

20180320 115252

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани