2win800x200

За два недели топловодот влегува во Битола, добиена е градежна дозвола, рече Козаров

Октомври 20, 2023

Привршува првиот дел од изградбата на првиот лот за топлификацијата за Битола, Новаци и Могила. Интензивно се работи на завршување на шахтата кај Црна Река што е еден од најкоплексните делови од изградбата на цевководот. Мрежата што почнува од РЕК и стигнува до Битола во должина од 12,8 километри ќе влезе во градот за рок од две недели.

„Се работи интензивно за завршување на овој дел, дозволата е добиена, заврши рокот на желби. Сите услови се исполнети, ќе ги информираме Општина Битола и сите други институци, па ќе пристапиме по пропис кон изгрдаба на цевководот. Рокот е 18 месеци да се зарши од влез во градот до крајна изведба до 35 установи во градот. Во Битола мрежата ќе влезе на обиколницата на Дулие и потоа се шират паралелно двата крака. Едниот од Дулие кон Кланица Карпош, покрај училиштето ‘Коле Канински’, Руската црква и Партизанска, а другиот продолжува по Иван Милутиновиќ, па оди се до Гимназијата Јосип Броз Тито“, рече Горан Козаров, директор на ЕСМ Топлификација.

394007956 1525504451558068 4395519336854009359 n

Со ова 35 државни институции кои се детектирани како најголеми загадувачи на воздухот во Битола, од судовите, училиштата, полицијата, спортската сала, болницата , градинките до 2026 година е добијат топлинска енергија од РЕК.

„По наши планови по пуштањето во работа на топловодот, таргет се 8 топлани кои порано беа вклучени на Топлификлација и опслужуваа од 2600 до 3000 станови“, додаде Козаров.

Паралелно се работат и другите лотови со изедување на потстаниците и топлотната кула која треба да е до градот Битола.

Козаров рече дека изглеуваат во пресрет онаму каде улиците се реновирани, а треба да миунуваат цевки од топловодот да се промени трасата или тоа да се изведе на тротоарскиот дел.

„Таков беше случајот со паркингот кај Спортската сала кој недоамна беше реконструицен. Цевката која минува низ паркингот по основниот проект, немавме градежна дозвола и не можевме ја поставиме кога беше ископан паркингот, па во проектната документација ја променивме трасата и пристапот до котларата за Спорстака сала. Цевката ќе помионе на старата улица за ‘Киро Дандаро’ по зелениот појас или на коловоз. Како претпријатие ќе гледаме секаде каде има можност каде се реновирани коловози да поминеме на тротоарскиот дел, да не сечиме посторно асфалт и да се прави штета“, додаде Козаров.

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани