АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на јавни обвинители на денешната 86-та седница ги разгледа годишните извештаи за работата на јавните обвинителства од подрачјето на Вишите јавни обвинителства Битола и Гостивар.
Везироски, кој го презентираше извештајот за работата на обвинителствата на територијата на ВЈО Битола, укажа дека има проблем со екипираноста во Вишото Битола, каде има тројца јавни обвинители, од кои тој како претседател, а дополнително еден во јуни следната година ќе замине во пензија.
Тој посочи дека проблем е и од каде да се црпи, зошто и во основните има недостиг.
– Само пример, прилепското и охридското од по 8 се останати по тројца обвинители. Во Охрид беше разрешен еден обвинител, што ни остави 500 нерешени предмети. Битолското, иако горе доле е екипирано, ќе се јави проблем во иднина. Единствено целосно комплетирано по систематизација Струга. Основното јавно обвинителство Ресен, колегата си оди за неколку месеци во пензија и ќе остане без ниту еден, рече Везироски.
Од вкупно 3 821 примени нови пријави во 2022 година, најголем дел се во ОЈО Битола 1 209, ОЈО Прилеп 1 015, ОЈО Охрид 807, ОЈО Струга 545 и ОЈО Ресен 146. На крајот од годината решени се 61 процент од примените пријави.
Во 2022 година на ниво на подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола имало вкупно 2 029 испитани сведоци, 1 047 наредби за вештачења, 122 наредби за претрес, 164 наредби за одземање предмети, 40 увиди и 19 препознавања.
На ниво на Вишо ЈО Битола од вкупниот број кривични пријави во 2022 година отфрлени се 1 503 или 40 проценти, а само 5,3 отсто се наредби за истраги. Само 0,8 процент се решени со предлог спогодби.
– Ниту еднаш не е изречена конфискација на имот, претежно се оди со надомест на штета. Не знам каков е трендот во другите, но кај нас ова загрижува. Ќе треба да се работи на тоа, не знам зошто обвинителите не предлагаат и бараат, треба повеќе во секој случај, изјави Везироски.
Бројот на решени предмети со предлог спогодба 2022 година, иако е мал, е зголемување го однос на претходната 2021 година.
Советот, укажа на големиот број запрени истражни постапки за ОЈО Струга и ОЈО Охрид и дека е потребни да се направи анализа зошто е тоа така.
Советот, со некои технички забелешки, позитивно го оцени годишниот извештај за работата на јавните обвинителства од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола. nezavisen.mk