АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Манастирот „Св Петар и Павле“ над селото Смилево се доуредува и подготвува за празникот Петровден. Петровден е главната селска слава на Смилевскиот манастир кој во изминатите години ги доизгради конаците, а сега комплетно се обликува и со и хортикултурно уредување.
На воздушна линија од само околу еден километер од Смилево, или десетина километри североисточно од селото, во смилевската корија, опкружен со столетна шума и во препознатлив песнопоен амбиент, е сместен манастирот “Свети Петар и Павле”. Се претпоставува дека е стар повеќе од 150 години и се вбројува во најпознати културно-историски споменици. Меѓутоа заради отсуството и негрижата, старата манастирска црква подолго време била препуштена на забот на времето и од неа останале само руини. Според сеќавањата на постарите смилевци, во манастирот, целиот свој живот го поминал Егуменот Петре чија што предсмртна желба била, на ова место да се изгради нова манастирска црква. Уште во 80-те години од минатиот век, во манастирскиот комплекс, вредните смилевски мајстори ја започнале изградбата на конаците, како и возобновувањето на манастирската црква.