АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изгореа повеќе стари и напуштени куќи во битолското село Скочивир, отакако според кажувањата на жителите избувнал пожар од спој на електричен кабел.
„Пожарот зафати и трева, се прошири низ селото и изгореа 15 стари, напуштени куќи. Ни една од нив не е вселива. Огнот ја зафати и тревата, дуваше силен ветер и се рашири. Но, го ставивме под контрола. Нема опасност од ново запалување, но екипи ќе дежураат цела вечер зашто во селото има жители во други куќи“, рече за АПЛА.МК командирот на Битолската противпожарна единица Горан Димкоски, кој беше вклучен во акцијата на гаснење на пожарот во Скочивир.
Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски за АПЛА.МК рече дека пожарот не зафатил ни една од куќите каде има жители, туку изгорените се напуштени објекти.
„Интревенираше Пототивпожарната единица од Битола, а му помогнаа и пожарникари од Новаци, се стави пожарот под контрола“, рече Кузманоски.
За време на пожарот се слушале и експлозии од стари експлозивни средства останати од Првата светска војна, соопштија од Пожарната.
Пожар има и во село Мусинци каде гори трева и огнот навлезе во шумата , во непристапен терен.