2win800x200

Финансиската полиција има одредени сознанија за Владиката Петар, но не соопштува детали

Април 11, 2018

Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката  Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста, пренесува МИА.

- Во врска со информациите околу денешните случувања со владиката Петар,  кога истрагата ќе биде во фаза која дозволува споделување на информации со јавноста, а тие нема да ја нарушат истата благовремено ќе информираме, соопшти Управата за финансиска полиција

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар денеска за апла.мк потврди дека накратко бил задржан на Скопскиот ааердором на барање на Финансиската полиција. 

Но, рече дека било грешка во процедурата, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија.

-Повикав адвокат, тој ја ја расчисти работата, направиле грешка. Но, не сакам јас да коментирам, можете да го побарате мојот адвокат, изјави Владиката Петар  за апла.мк

Но, објаснување немаше ниту од адвокатот Љубомир Михајловски Џанго, кој беше недостапен на мобилниот телефон.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани