АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Светнаа и бицот на Манаки и Офицерски за време на оваа издание на Фестивалот на филмска камера. Реставрираниот Дом во Битола беше едно од катчината каде што деновиве се направија таканаречените живи слики од офф програмата на Фестивалот. Членовиве на КУД „Илинден“ облечени во староградска облека како од времето на познатите сниматели, носејќи со себе и макета како камерата на Манакиеви, „направија“ неколку кадра и во дворот на Офицерскиот. Со офф програмата годинава фестивалот излезе и низ битолските улици. Понуди поинаква атмосфера, фестивалска, која можат да ја почувствуваат сите битолчани и гости на Манаки. Оваа група млади битолчани може да се сретне на многу места низ градот со што покажува за богатата градска традиција на Битола, а и филмска.