АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Јас сум музичар од Воден, но позната ми е и македонската музика зашто претходно имав и друг бенд со кој свиревме микс од македонски песни и музика од мојот регион. Ја знам и Македонско девојче. Нема граници за музиката и луѓето кои музицираат“ , рече Џорџ од грчкиот бенд „The Balguns“ кој настапи во рамки на Меѓународниот музички дијалог во организација на МКЦ Битола. Бендот имаше жива свирка синоќа во Чифлик, а пред публиката се претставија со комбинирана музичка понуда од џез, реге, фанк, ска и рокенрол.
„Секако дека има работи кои ја поврзуваат македонските и грчката музика, време е за музицирање и за продукции зашто ковид ситуацијата се одрази лошо врз продуктивните музичари и не можеа да настапуваат и создаваат нови работи. Затоа овој настап во Битола за нас е многу значаен“, рече Рафаел од истиот бенд.
Манифестацијата „Меѓународен музички дијалог“ беше испирирана од потребата за јакнење на чувството за општествените вредности кои ќе го промовираат интеркултурниот дијалог и европските вредности. Преку ваквиот пристап МКЦ ги презентира културните, општествените и човечките вредности и трендови во музиката.
Оваа програма ги обединува уметниците од различни локации од Европа, со различнми афинитет, интереси и професионална определба да споделат свои ставови и искуства , вредности користејќи креативни методолошки алатки.
„На финалната вечер од Меѓунароидниот музички дијалог имаме можност да се дружимне со овој исклучителчен бенд од Грција кој за првпат е во Битола, но е многу популарен од крајот од каде што доаѓааат од Солун. Овој процес на дружба со музичари од целиот Балкан , но и од Нигерија, МКЦ во годината која претходни за 25 годишнината од неговото постоење се одлучи годинава да прави ваква манифестација со која потврдуваме дека отсекогаш мултикултурализмот и мултиетичноста сме ја застапувале во нашите програми. Еден бенд кој доаѓа од Солун, многу близок град низ историјата на Битола и многу драг на битолачни, на вистински начин покажуваме дека меѓународниот дијалог на Балканот и тоа како е можен и успешен за остварување“, рече Сашо Додовски, директор на МКЦ.