Денот го започнувам- со алое вера.
Најголемата моја доблест е- чесноста и не прифаќање на неправди.
Навика што сакам да ја променам е- свесната наивност.
Највредното нешто во мојот живот е- тоа што им верувам на луѓето и дека сум вечен оптимист.
Мое најголемо достигнување е -присуство на чувството дека си придонесол позитивно за твојата татковина.
Во Битола најмногу ме нервира -кога сите знаат за тебе се, а ти немаш поима.
Во Битола никогаш не би го променил -духот на Широк Сокак.
Мојата најважна животна лекција е- појавата, ако ја сакаш Македонија, тогаш си непожелен и предавник.
Битола за мене е -обврска за да биде најсјајниот град и општина на Балканот и пошироко.
Политиката за мене е -механизам за правење добро и носење на позитивност во општеството.
Градоначалничката функција ќе ми даде моќ за -побрзо и поквалитетно да ги реализирам сите проекти за Битола – бизнис, економија, инвестиции, инфраструктура.
Ако згрешам дури сум градоначалник -ќе се извинам, поправам, бидејќи нема да биде намерно.
Кога ме поствауваат незгодни прашања јас- ќе одговарам искрено, отворено со вистината.
Почитувам туѓо мислење- секогаш, и кога не се согласувам со одредени ставови.
Парите за мене се измислена алатка која носи нервози кај луѓето.
Кога работам под притисок -креативноста и квалитетот доаѓаат до израз.
Кога ќе се преработам јас- слушам музика, пешачам, играм и гледам спорт.
Лицемиерие за мене е -кога некој ти кажува тоа сакаш да го слушниш.
Лакомост за мене е -кога имаш 60 милиони евра и правиш се за да имаш 65 милиони евра.
Се опуштам така што -се занимавам со споредни работи, кои немаат некое посебно значење.