2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Новотo раководство на РК „Пелистер“ исплати долг од 110 илјади евра, клубот бара морална поддршка од публиката и јавноста

Април 20, 2018

Долг од над 110 илјади евра, по разни основи, тужби од играчи, извршни решенија за неплатени сметки, неплатени услуги кон добавувачи. Во ваква состојба, новото ракводтсво го затекна ракометниот клуб „Пелистер“ при неговот преземање во јануари годинава. Новиот управен одбор денеска на увид на јавноста го стави финансискиот извештај за првото тромесечје. Овој долг е целосно саниран, а блокиранта сметка, денеска со дотациите од општина Битола, е одблокирана

-Затекнавме неисплатени плати во висина од 83 000 евра, односно половина од август, септември, октомври, ноември, а не беше исплатена ниту декемврсиката плата. Овие пари се исплатени во целост, деновиве треба да се исплати и платата за март, рече Борче Корлевски, технички директор на РК „Пелистер“ АД Битола.

Кон добавувачите РК „Пелистер“ имал долг од 10 илјади евра, потоа извршно решение од 53 илјади денари кон Ројал Секјурити, на кои 2 години не им бил исплатен ниту денар. Спротивно на законот имало аванси и позајмици кон играчи од 130 илјади денари, неподмирени сметки за купување на мобилни телефони во износ над 2000 евра, за користење на стан во населбат Карпопш, РК „Пелистер“ должел 6500 евра. Сметката била блокирана и со судско извршно решение за случајот на ракометарот Игор Арсиќ, за вкупна сума од 11 илјади евра.

-Но, долговите не запираат тука. Дополнителни трошоци за потрошени средства за такси превоз, самонаградување со дневници за организација на натпревар иако според договорот за работен однос во ракометниот клуб има постоечка систематизација и работни обврски, лични фактури за тренерки, патики, табли, патувања и исплата на меѓународни лиценци. И натаму се затвораат долгови кои што доплнително пристигнуваат, извршни решенија од поединци, претпријатија и добавувачи, чија услуга не била наплатена. Врв на целата ситуација, ракометниот клуб го заткенавме без сопствени топки за тренинг и натпревар! Во овај момент управниот одбор на РК „Пелистер“ покрај санирањето на долговоите од нашите претходници, врши и тековна исплата на побарување од страна на ракометари и стручен штаб, дополнително е купена комплетна опрема за тренинг и комплетно нова опрема за натпревар од брендот Hummel од дресови, тренерки, торбици, топки, смола, како дополнителни помагала за потребите на екипата, додаде Корлевски.

Обновени се во целост просториите на РК „Пелистер“ во комплексот Стара болница со нова дограма, фан зона и нов спрат во кој се направи простор за тв проследување на натпревари на екипата. Реновирањето на овој простор беше со средства од повеќе спонзори, на кои управата им се заблагодари на денешната прес конференција и побара подршка од јавноста и од публиката за ракометниот клуб „Пелистер“

-Моментално резултатите навистина изостануваат, но, се надевма дека со тек на време, со новиот тренер, екипата ќе се консолидира и ќе се врати на старите победнички патеки. Јавно се заблагодарувам на нашите поддржувачи, бизнисмени, кои активно се вклучија за подбрувањето на условите за работа на РК „Пелистер“и ги повикувам сите бизнимени, фирми, љубители на спортот да помогнат финансиски. Оние пак што не се во сосотојба тоа да го направат, ги замолувам да не ни одмогнуваат, туку да причекаат и да бидат трпеливи. Овие финансиски средства се трудиме максимално и домаќинси да ги искористиме, рече Сашо Шамбевски, генерален директор на РК „Пелистер“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани