2win800x200

Општина Битола врши финансиска ревизија во училиштата, редовна контрола или притисок!?

Декември 07, 2021

Новата локална власт неполн месец од преземањето на општината почна со ревизии на финансикото работење на училиштата во Општина Битола.

Според извори на Апла.мк, ревизорите од општина веќе влегле во дел од училиштата. Факт е дека претходната локална власт ги врати долговите на училиштата наследени од екс градоначалникот Владимир Талески и вложи во нивна обнова, па пред заминување екс градоначалничката Наташа Петровска порача дека училиштата се во одлична кондиција без долгови и заостанати сметки.  

Сега ревизијата е во тек, па во јавноста се отвора прашањето дали таа  претставува редовна контрола или пак начин за евентуален притисок врз директрите со цел да се изнудат оставки со оглед на тоа што се поставени од претходната власт. Според наши извори  директорите на основите и средните училишта во општината имаат мандат уште 7 месеци, па се  до  две години да раководат со училиштата. 

Од општина Битола одговорија дека градоначалникот Тони Коњановски, одржал работен состанок со сите директори на основните и средните училишта во општината, им се заблагодарил за досегашната работа и од нив побарал непречено функционирање на воспитно образовниот и наставниот процес, во интерес пред се на учениците, но и на вработениот кадар во училиштата.

-Директорите на училиштата се назначени за време на мандатот на претходната локална самоуправа, така што после завршената ревизија на работењето во изминатиот период, ќе бидат утврдени соодветните насоки на делување.

Со цел поефикасно работење на основните и средните училишта во следниот период, потребно е да се изврши увид за подетално запознавање со состојбите од страна на градоначаланикот.

Во овој контекст ревизијата, претставува редовен процес во кој се согледува финансиската состојба на училиштата, се прават завршни сметки и се утврдува каде има недостаток на финансиски средства, со цел истите да бидат обезбедени за непречено одвивање на воспитно образовниот процес.

Врз основа на таа состојба, се прават и финансиските планови и програмите за работа за идната година.

Во секое училиште ќе бидат преземени потребните мерки, зависно од затекнатата состојба и потребните чекори.

Подржувачите  пак на новата локална власт велат дека новата локална самоуправа треба да си постави свои луѓе на раководи позиции и дека секој градоначалник треба да има свој тим со кој ќе цели кон подобри резултати во работењето. 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани