2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

57 настани во новогодишната програма,а на 31 декември забава со Камерниот оркестар на Битола

Декември 21, 2021

Програмскиот концепт наречен „Зимска приказна“ оваа година на уникатен начин ќе ја исполни празничната атмосфера во градот. Општина Битола подготви девет дневна празнична програма на платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом, со што празничната програма ќе биде под отворено небо поради предизвикот со кој живееме веќе втора година-ковид криза. Планирани се 57 различни проекти, во кои ќе има музички групи, битолски диџеи, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, работилници или збирно над 60 часа активна програма.

Ќе биде организиран празничен маркет на подароци, сувенири, храна, пијалаци, музика и фина забава. Празничната програма започнува овој четврток од 17 часот и во тоа време ќе се одржува секој ден до Нова година. На новогодишната вечер концерт ќе одржи Камерниот оркестар, предвидено е огнено шоу и настапи на диџеи.   

„ Годинава одлучивме да наменеме средства за програма во висина од 1.2 милиони денари, која поради преголемиот интерес на распишаниот конкурс на кој мотивиравме битолски музичари и артисти да се пријават ја зголемивме за 20%. Не очекувавме толкав интерес, но најавата дека сакаме локалните артисти да добијат свој простор во година кога нивните настапи беа малку и ограничени заради здравствените протоколи, само покажаа колку е важна нашата поддршка. И тоа особено не радува’’, рече градоначалникот Тони Коњановски.тонио

Крај Офицерскиот дом како дел од новогодишната магија ќе се постават 14 штандови и 3 дрвени куќички во кои предност ќе имаат битолски компании кои ќе сакаат да ја искористат шансата за своја промоција, но и продажба на производи и услуги, со што ја поддржуваме локалната економија налик на вакви празнични маркети ширум светот. Украсен ќе биде и Широк Сокак.

„Поради енергетската криза одлучено е да се осветли едноставно и елегантно само Широк Сокак со лед светилки. Граѓаните низ годините ја потенцираа важноста од пренамена на средствата наменети за украсување и скапа програма за цели кои ќе бидат од општа корист. А украсувањето да биде со потребната доза на естетика за град како Битола“, додаде Коњановски.263760591 630977514767859 307622911684769080 n

 

 27

30/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани