АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со скромна, но достоинствена програма, Општина Битола ќе организира еднонеделна предпразнична програма и дочек на Нова година на платото пред Офицерскиот дом. Ќе учествуваат домашни уметници, нема да се бараат гости однадвор. Градоначалникот Тони Коњановски рече дека поради енергетската и економската криза во државата ја повлекоа ставката за новогодишно украсување, па сега се водат разговори со приватници да помогнат во украсувањето на Широк Сокак и платото пред Офицескиот дом..
„Сакавме да организираме програма, да ја тргнеме меланхолијата, граѓаните заслужуваат и покрај сето сивило околу нас. Општината ќе издвои 1,2 милион денари само за програмата и техничка поддршка. Тоа се скромни средства и ги замолувме учесниците за разбирање. Ги поканувам сите културни работници, претежно битолчанионака скромно и достоинствено да ја збогатат таа програма која недела дена пред Нова година ќе биде во попладневните часови на платото пред Офицерскиот дом. Тоа е една убава површина која ќе ја збогатиме во соработка со приватниот сектор, да биде еден предновогодишен базар, една новогодишна ноќ со програма“, рече Коњановски.
Во изминатите години, кога ја немаше пандемијата, а имаше дочек на Нова година во организација на Општината, тоа се правеше на плоштадот Магнолија. Ова по долго време ќе биде прва промена на локацијата, а избрано е платото пред реставрираниот и обновен Офицерски дом.