АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обиколницата над Битола попладнево се очекува да биде пуштена целосно во сообраќај, да се тргнат семафорите и движењето по неа да се одвива без пречки, потврди за апла.мк, државниот инспектор за патишта Сашо Здравевски. Според него градежната фирма „Илинден “ од Струга вчера завршила со санацијата на свлечиштето, над потпорниот ѕид, такашто нема пречки за одвивање на сообраќајот.
Претходно како што соопшти „Македонија пат“ на делот на свлечиштето се изведуваа градежни работи, за таа цел беше затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот се одвиваше по една сообраќајна лента за што беше поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која го регулираше сообраќајот.