АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Струјата ќе поскапи од 1 јануари за 9,48 отсто и ќе се укине днавната евтина тарифа. Директорот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски, на прес-конференција за поскапувањето на струјата поради енергетската криза кажа дека успеале да ја намалат цената од она што го барале енергетските компании.
„Барањата на компаниите до Регулаторна беа цената да се зголеми за околу 38 отсто. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме трошоци и Владата презема обврска да им помогне на компаниите во наредниот период“, рече Бислимовски.Тој кажа дека се укинува само дневната евтина тарифа, а евтина струја и понатаму ќе има навечер и во надела. Ако не се укинела днавната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти.
„Дневната тарифа поради зголемена потрошувачка и зголемен увоз чини 100 илјади евра дневно. Овој товар нашиот енергетски сектор не може веќе да го поднесе и затоа се укинува дневната евтина тарифа. За овој чекор консултиравме голем број експерти и од сите добивме мислење дека тоа е неминовност“, додаде Бислимовски.