2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Машко е првото новороденче во Битола

Јануари 01, 2022

Алексеј е првото новороденче што на свет дојде во Новата 2022 година , родено во Клиничка болница Битола.

,Две минути по полноќ се роди првото бебе во Клиничка болница во Битола.Тоа е машко бебе Алексеј. Втоео дете на родителите. Мајката е породена по пририден пат. Бебето е здраво и живо, тешко 3 кг и 48 см долго. Нека им е со среќа радоста на родителите. До утрово беа родени упте 2 девојчиња или до утриво на први јануари три новороденчиња", рече директорката на Клиничка болница Билјана Гагачовска. 

Градоначалникот Тони Коњановски ги посети родилките и бебињата. За првороденито Општината додели 10000 денари а за другите две по 6000 денари. 

,Нека ни е среќна и бериќетна Новата година, а како што тргна така и ќе биде, машко е првото бебе, макар што јас никогаш не сум правел разлики. Честитки до родителите и на машкото и на двете девојчиња. Да си посакаме за младите пред се подобри услови за живот , за работа во Битола, да останат тука и да имаме што повеќе принови",рече Коњановски.received 7070516936321872

 

bolnica

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани