2win800x200

Концерт за паметење во спомен на Тоше и Аки

Февруари 18, 2022

Концерт за паметење со многу емоции и позитивна енергија им се случува вечерва на битолчани на  првото издание на „Засекогаш во срцата“ во Центарот за култура во Битола посветен на музичкото дело на Тоше Проевски и Аки Рахимовски. Пополнети се сите места одредени по протокол,  а интересот е голем кај  битолчани кои заедно со познатите македонски изведувачи ги пеат  хитовите на Тоше и Аки. Најголеми хитови ги изведоа Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски, Боран Стојков во придружба на Камерниот оркестар и хорот на Државното музичко училиште под диригентската палка на Владимир Димовски.

Каролина Гочева  отпеа неколку хитови-„Игри без граници“, „Немир“...

Александар Тарабунов ја отпеа „Дојди“ од Аки, Виктор Апостоловски „Цреша“ на Тоше, Ламбе Алабаковски „За овој свет“ од Тоше, Димитар Андоновски „Боже не ми треба ништо друго“ и уште многу други моќни изведби од страна на музичарите учесници на концертот.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани