Со освојување на прво место на битолчанката Јана Стефановска на трката на пет км на Кавадаречкиот полумаратон, Атлетскиот клуб „Олимп“ викендов започна во походот по одлични резултати. Ова е само вовед во новата сезона за која членовите на овој клуб интензивно се подготвуваат по водство на тренерите Демир Даутовски и Вера Велјановска.
На овој настан во Кавадарци учествуваа неколку членови на клубот, еве ја листата на учесници и резултати: Јана Стефановска 23:08, прво место • 5км Бојан Ѓеровски 23:33, седмо место • 5км Антониа Крстевска 25:43, петто место • 5км
И најмалите членови Искра Адамовиќ и Николај Жежовски кои се натпреваруваа на трката ид 500 метри и покажаа одлични резултати.


Тројцата млади атлетичари од Битола, членови на Атлетскиот клуб „Олимп“ се закитија со високи награди на Националното првенство за млади младинци што вчера се одржа во Скопје.
