Христијан Котевски трчаше на 400 метри и го освои првото место со извонреден резултат од 56.44. Јана Стефановска трчаше на 100метри и се пласира на второто место во нејзината група со резултат 15.06, додека пак Наталија Чона настапи на 400м и успеа да го освои третото место со резултат 1:12.59.
Младите атлетичари беа под менторство на битолската легенда во атлетиката, тренерот Демир Даутовски. Своевремено во седумдесетите години Даутовски беше најдобриот атлетичар на „Олимп“ на средни и долги патеки. Во наредните месеци на 1977 година, Даутовски постигнува нов личен рекорд на 5.000 метри со време 15:14,0 , Во сите трки во оваа дисциплина како младинец победуваше , а успешно се носеше и co атлетичарите од повисоките категории. Со својот резултат на 3.000 метри,од 8:48,1 , Даутовски ќе се запише во листата на републичките рекордери во оваа дисциплина. Со лесен чекор, повремено ги практикуваше и дисциплините во стип-чез: 1.500 м, 2.000 м. и 3.000 стипл чез. Неговиот резултат на 2.000 стипл-чез од 6:28,8. е еден од најдобрите резултати во Македонија. Младите атлетичари имаат срежа да учат од најдобриот.








