2win800x200

ОПШТИНА БИТОЛА РАСПИША КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО УРБАНИСТИЧКО - АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНА ЗОНА – АРМ – БИТОЛА
Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко - архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ - Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој.
Конкурсот ги има следните специфичи цели:
- Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот развој на градот во просторна и програмска смисла,
- Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини,
- „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,
- Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води),
- Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.
Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседуваат стручните класификации согласно условите на конкурсот.
Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026 год. до 12.00 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат. Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување на истиот.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/idejno-reshenie/
Венко Андоновски доаѓа во Битола, на книжевна вечер во УТОПИА
Творештвото на Венко Андоновски припаѓа на втората категорија, литература што не нуди лесни одговори, туку бара внимание, мисла и време.
На 2 април 2026 (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Книжевен клуб Утопија, ќе се одржи книжевна вечер со еден од најзначајните современи македонски писатели.
Венко Андоновски доаѓа во Битола, на книжевна вечер со наслов: Литература како сериозен разговор.
Во фокус ќе биде новата книга „Александар јава на запад“, но разговорот ќе се отвори и кон неговите претходни дела, кон темите што ги носи со години, јазикот како одговорност, верата и сомнежот, историјата и човекот во неа.
Оваа вечер нема да е класична промоција.
Разговор во кој литературата се сфаќа сериозно.
Пешачката патека во центарот на Битола пак стана паркинг! Пред еден месец Општина Битола во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ со столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ во централното градско подрачје во Битола која води од кај Градската библиотека кон зградата на поранешната општина.
Столпчиња требаше да го спречат паркирањето на автомобилите кои го попречуваа движењето на пешаците, бидејќи улицата е еднонасочна. НО ПОПУСТО, не се почитуваат новите сообраќајни правила!
 
А.Б 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани