АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не може во осум часот наутро да има многу лица за вакцинација, во 16 часот да нема никој , а пунктот работи од 8 до 19,30, реагираат од Здравствениот дом во Битола. Од таму апелираат да се почитуваат закажаните термин во пунктот за масовна имунизација.
„Голем број на граѓани поради непочитување на закажаниот термин за ревакцинација, доагаат во голем број во исто време и со создавањето ‘гужви’ се отежнува вакциналниот процес. Замолуваме заедно да го овозможиме нормалниот процес на работа .Секој кој има закажан термин ќе биде вакциниран -тимовите работат со вакцинирање и на последното закажано лице. Додека слободното вакцинирање е без зајажан термин“, апелира директорката Весна Спиркоска.
Во престојната недела ќе има повисоки бројки на лица за ревакцинација, па затоа важно е да доаѓаат и во закажаните термини, а пунктот работи 12 часа. Голем дел од здравствените работници кои се ангажирани во процесот на имунизација во Битола немаат користено ни ден годишен одмор.
Денес се вакцинирани и 37 лица кои одлежуваат казна во затворот во Битола.
За три недели се вакцинирале 1350 битолчани со вакцината „АстраЗенека“ на вакциналниот пункт во школската амбуланта на училиштето „Даме Груев“ во Битола.
„Има останати вакцини 350. Распределени се по 150 термини на ден. Има термини уште за денес и утре, ама во зависност од колку ќе потрошиме вакцини, преку „Мој термин“ пуштаат нови термини“, рече за Апла.мк директорката на Здравствен дом, Весна Спиркоска.
Целосно се реновирани просториите на двете здравствени служби кои се многу значајни за превентивната здравствена заштита кај децата, тоа се Службите за детска превентивна стоматологија и школска медицина. Реновирана е целата дограма, подот, ходниците, тоалетите. Воедно службите сега се просторно поставенио една до друга со цел подобра организација и побрза услуга на децата.
„Посебно да нагласам за превентивните прегледи на децата на школска возраст ги ставиме на едно место. Веќе не е Школска медицина како што беше во просториите до нас (делот за администрација), па чекална им беше ходникот туку сега се сите на едно место. Во Детска превентивна стоматологија ги вршат прегледите за заби, а веднаш до неа е и Школска медицина како посебен дел на превентивна медицина и тие две служби се заедно какo во една единица за превентивни здравствени прегледи на деца“, вели директорката на Здравствениот дом, Весна Спиркоска.
„Доколку пандемијата со ковид-19 ни се случеше во 2017 , немаше да можеме да одговориме на овој предизвик како сега во 2020 година“, рече Весна Спиркоска, директорка на Здравствениот дом во Битола при денешното примопредавање на донацијата од Израел. Пред три години кога беше назначаена за директор во установата затекнала недостаток на медицински кадар, па со согласност на Министерството за здравство досега се вработени 27 доктори кои придонесуваат за здравствена грижа на населението во услови на коронакирза.
„Медицинскиоит персонал во овој момент е главниот сегмент кој пожртвувано се бори со вирусот. Кога дојдов како директор имавме огромен недостаток на медицински кадар, многу пензионирања, долги години не се примаше медицински кадар. Главно вработувањата биле на помошно технички персонал и со преземање на средно медицински кадар од други институции. За 12 години биле примени само шест до седум доктори, а во изминатите три години дури 27“, рече Спиркоска.
Таа посочи дека Здравствениот дом има обезбедено комплетна организација на работниот процес на обезбедување здравствена заштита на населението на град Битола дури и во услови кога постои опасност од ковид-19.
„Иако имавме добро организирани набавки за обезбедување на медицински средтсва за заштита од сопствениот буџет, сепак имавме огромна поддршка од Министерот за здравство Венко Филипче , како и од градоначлничката Наташа Петровска. Имавме и донации од фармацевтни куќи, работни организации, а од надворешните донации, значајно место зазема донацијата од Израел, односно амбасадорот Дан Ориен и внуката на доктор Хаим Абраванел, Рахел Шели Леви Драмер. Тие во овие тешки моменти на пандемија нас ни донираат два дефибрилатори, кои се од посебно значење за здравствениот систем. Шели во писмо ни напиша како внука на Хаим Абраванел, родена во Македонија дека е многу горда за мостот што се гради помеѓу Ирзаел и Република Северна Македонија со совој хуманитарен чекор“, рече Спиркоска.
Во Здравствениот дом денес израелското Министерство за надворешни работи подари два дефибрилатори за Итната медицинска помош. Оваа установа го носи името „Хаим Абраванел“ по првиот лекар специјалист по интерна медицина во Битола кој бил Евреин.
Итната медицинска помош за време на коронакризата има полни раце работа, а како што изјави директорката Спиркоска, просториите на служабата беа целонсо реновирани уште лани. За годинава планирале да го подноват и возниот парк кој се состои од шест комбиња, едно набавиле во 2019 година, а другите се застарени. Но, дел од средствата од годишниот план за набавки ги пренамениле поради ковид-19 за заштитни средства за вработените и пацинетите.
Марија Герас Дочовска , економски советник на израелскиот амбасадор Дан Оријан соопшти дека тој веќе обезбеди финансиска поддршка во опремувањето на новиот Дијабет центар кој се планира во Здравствениот дом да биде готов во почетокот на 2021 година. Понатаму, во соработка со Министерството за здравство е отпочната постапка за реновирање на старата азбестна кровна конструкција над целиот објект, за која што Израел изјави спремност да помогне во инсталирање на најнова генерација фотоволтаици.
„Одлуката за прекинот на работниот однос на шесте медицински сестри не е моја, јас само ја спроведов правосилната одлука која беше извршна,а донесена од Апелациониот суд на Битола“, рече на денешната прес конференција диркеторката на Здравствениот дом од Битола, Весна Спиркоска. Со одлука на Апелациониот суд отказ од работа добија шест медицински сестри вработени на конкурс од пред две години, откако две други кандидатки тужеа. Апелациониот суд одлуката ја донесе во јуни годинава.