АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката Петар денеска на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста, пренесува МИА.
Митрополитот Преспанско пелагониски, г. Петар, попладнево бил задржан на скопскиот аеродром од страна на Финансиската полиција, но, како што изјави за Апла.мк, бил пуштен откако се утврдило дека бил задржан по грешка.