АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината, Борче Димитровски, ги посетија дел од училиштата, каде утрово имаше дојави за бомби. Во разговор со директорите, се информираа за моменталната состојба во училиштата, каде што полициските екипи веќе вршат проверки. Бојкоски и Димитровски, се во постојана координација и со екипите од СВР Битола.
Полициски екипи за антитероризам извршија увид на десетина автобуси на познат битолски превизник, за што имаше анонимна дојава дека е поставена бомба. Досега според увидот на екипите ништо не е пронајдено, но не е завршена до крај проверката. Од СВР Битола ветија подетални информации за подоцна.
Попладнето видно беше присуство на полициски службеници на улицата „Партизанска“ за влез на улицата „Тодор Скаловски“ во Битолската касарна, а се прошири веста дека полицијата имала дојава за подметната бомба во возило.