2win800x200

БИТОЛА – Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година, објави .https://nezavisen.mk

Славеникот Дранго, роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот лик наспроти мечка, се облекол во маичка со апликација со мечка, што навидум личи на подбив за случајот кој го отворија истражните ограни за него, подбив за реакцијата на јавноста и одгласот на здруженијата за заштита на животните за реалната фотографија со отепаната мечка.

На фотографијата на Фејсбук, сега екс заменик-директорот на „Македонија пат“ Дранго е сликан паднат на колена, значи седи на подот на некоја кафеана, во едната рака ја држи тортата на која има украс како седи на маса со чаша вино в рака и наздравува со мечка. Маицата што ја носи е во бојата на кафеавата мечка,  но овој пат избрал јадра мечка, а не како таа на реалната фотографија за која е под истрага. Зад него е декорирано со балони што оддава на славеничка атмосфера.

Над објавената фотографија Дранго напишал: „Еве, со мечево пак се сретнавме, ми дојде на роденден“,  и ставил емотикон со намигнување, кој обично се користи кога некој се шегува или сака да испадне интересен.

Оваа роденденска фотографија Дранго ја ограничил само за свои пријатили што ги одбрал и не може јавно да ја види секој. Но, од фотографијата која ја доби „Независен“, се гледа дека од синоќа досега ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ добил над 1.000 лајкови и над 600 коментари со честитки за роденденот.

Фејсбук пријател на Дранго му напишал среќен роденден со порака – „Сите желби реалност, ќе дојди и лаво, полека бате“.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста, оти Сашо Дранго тогаш беше заменик-директор на „Македонија пат“ и со партиска функција – претседател на Унија на ветерни на ВМРО-ДПМНЕ на Демир Хисар.

ОЈО Битола експресно отвори предмет и презеде дејствија за обезбедување докази. Дранго беше викнат во Обвинителството да даде исказ, а истражните органи со судска наредба влегоа и во неговиот дом во демирхисарското село Белче и извршија претрес. Јавно, ниту ОЈО Битола, ниту Дранго не кажаа што нашле во куќата кај тогашниот државен и партиски функционер. Особено за јавноста беше предмет на интерес дали евентуално полицијата ја најде пушката со снајперски нишан што Дранго ја држи во раката на спорната фотографија со мечката.

Од ОЈО Битола во јули последно потврдија дека за предметот на Дранго уште следат постапки што треба да се дополни истрагата.

„Постапката е во тек со дополнителни проверки за кои јавниот обвинител издаде соодветни наредби до СВР Битола“, одговори ОЈО за „Независен“ на 17 јули.

Денеска од ОЈО Битола за „Независен“ го соопштија само ова: „По насоки на јавниот обвинител постапува СВР Битола “

Од она што се знае досега е дека осомничениот ја направил оваа фотографија лани во декември. Тој тврдеше за медиумите дека не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој и вработени во „Македонијапат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.

Меѓутоа СВР Битола го демантира и плус даде информација дека тој уште од 2018 останал без дозвола за поседување оружје. Од тука остана прашањето – чија била пушката со снајперски нишан.

Јавноста побара оставка од Дранго од втор човек на „Македонијапат“. Случајот доби и политичка димензија, па на крајот на јануари за случајот се огласи и премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека не верува во неговата приказна за убиената мечка.

Но, Дранго не беше разрешен, тој за „Независен“ на СМС порака лично потврди дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ .

„Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, изјави Дранго.

Спорната фотографија за Дранго со мечката ја обелодени Здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Оттаму се децидни дека тој треба да одговара „кривично со најстрога казна земајќи го предвид неговото портфолио и тоа што беше функционер треба да послужи за пример“.

 

 

 

 

Сашо Дранго цела фотографија Независен.мк

Сашо Дранго фејсбук фотографија 

 

 

Анета Блажевска

 

 

 

 

 

 

 

(корегирано во 15 и 37)

Мечка со две мали мечиња во последниот период ги обраа овоштарниците во Преспанскиот регион, особено во селата Јанковец и Кривени во Горна Преспа.
Овоштари од Преспа се жалат дека во последните десеттина дена мечката дивеела и направила штети на повеќе локации а  имале и блиски средби со неканетата гостинка. 1000003997
Овоштар од Преспа вели дека затекнал искршени гранки на дрвјата со сливи и јаболка, гребаници по стеблото, измет и стапалки околу дрвјата иако земјата е прилично сува трагите се очигледни.
„Се слушна в село дека мечка со две мали мечиња прави штета по овоштарниците, така беше и кај мене, искршени гранки обрани овошки“, вели овоштар за „Зелена берза“.
За случајот овоштарите ги известиле Центарот за управување со кризи, локалната самоуправа, Министерство за земјоделие ПЕ Ресен како и СВР Битола.
 
За ситуацијата реагираа и од Националната земјоделска мрежа од каде велат дека според информации од нивни членови од регионот на општина Ресен, поконкретно во атарите на селата Јанковец и Кривени во последните десетина дена интензивно се предизвикува штета на насадите од јаболка како последица на дивеење на мечка.
„Според очевидци забележана е женка со две мечиња што претставува директна и непосредна опасност по животот и здравјето на месното население. Како граѓани и како земјоделци сме доведени во една многу непријатна ситуација да сме во постојан страв од непредвиден напад на мечката која водејќи се од мајчинскиот инстинкт може да нападне во секое време и на секое место“,вели Ѓорги Каракашев за „Зелена берза“ и додава -Согласно законот за дивеч мечката припаѓа во строго заштитен дивеч и како граѓани земјоделците се  беспомошни во дадената ситуација.
„Затоа апелираме јавно час поскоро институциите да ги преземат сите дејствија со цел да се спречи поголема катастрофа, а околу предизвиканите штети по имотите комисијата за утврдување на штети при МЗШВ да излезе на терен и да утврди фактичка состојба“, велат од Националната земјоделска мрежа.
 
 
 Од Подрачната единица на МЗШВ во Ресен за „Зелена берза“ велат дека денеска добиле две пријави од сопстевници на овоштарници за предизвикана штета од мечка. На терен веднаш излегла комисија за проценка на фактичката состојба.
„Денеска нашата комисија излезе на лице место да ја утврди фактичката состојба по пријавата од земјоделци. Досега двајца овоштари поднесоа барања за утврдување на состојбата. Се постапува“, изјави Сашко Андреевски раководител на ПЕ на МЗШВ во Ресен.
Од почетокот на годината досега во реонот на Преспа се евидентирани 21 случај на штети врз земјоделски посеви од дивеч од трајна и нетрајна заштита.
Во зависност од тоа дали оштетените овоштарници се оградени со ограда или имаат електрична заштита, или пак немаат заштита, оштетените земјоделците преку Државното правобранителство или по приватна тужба можат да бараат надомест на штета од државата.
 
Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането. Дополнително, член 14 од истиот закон трајно ја забранува можноста за лов на мечки, без исклучоци. Според Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години.
 
Анета Блажевска

Мечката од Буковски Ливади го одзеде приматот на сите денешени вести, не само на порталот апла.мк, туку се најде меѓу најчитаните  содржини на многу портали и сајтови на големите медиумски куќи. Тоа беше поттик и други наши читатели да ги раскажат приказните за нивните блиски средби со Пелистерски мечки, па ви ја пренесуваме онаа на Предраг Симиќ.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани