2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

 Под мотото "Доста е! Излези за Македонија", ВМРО-ДПМНЕ денес организираше протест со блокада на кружниот тек кај Безистенот од 15 до 17 часот. Протестираат со барање Владата јавно да го објави, патоказот за преговорите со Бугарија.

Блокади на крстосници имаше и во Скопје и уште 10 други градови низ земјава. Како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, протестите се единствен начин да се спречи барањата на Бугарија да станат дел од преговарачката рамка со ЕУ и на тој начин проблемот што го имаме со Софија да стане проблем со ЕУ.  Мицкоски рече дека тоа го дознал од високи дипломатски извори од Брисел и Софија.

Протести ќе се одржат и утре од 15 до 17 часот

FB IMG 1623171719492

FB IMG 1623171731720

FB IMG 1623171752843

FB IMG 1623171779724

FB IMG 1623171793772

FB IMG 1623171765627

Од Битола до Ѓевгелија и Скопје,  стотици граѓани денеска допатуваа во Битола од други градови на државата на протестот против потпишувањето на договорот за смена на името.

Овој протест нема да биде последен, ќе продолжиме да протестираме ако треба и во Солун, рекоа граѓаните пред камерите.

-Нема да застанеме,  туку ќе продолжиме, ако треба и во Солун ќе протестираме. Солун наш ќе го завземиме, се додека комплетно не вратиме се што е македонско, јазик, култура, држава, име знаме. Ова е знамето наше, а не оној вентилатор со четири перки, рече битолчанец држејќи го во раце знамето од Кутлеш.

-Договорот може да се избриши, договорот не важи без претседателот Иванов, без двотретинско мнозинство во Парламентот, рече друг граѓанин.

Ѓевгеличанец кој кажа дека организирано со автобуси дошле на протестот во Битола видно возбуден рече дека дошол на протестот бидејќи неможе да сфати што се случило со Македонија.  

-Што имаме од ова , што сакаат да добијат со смената на името. Срамота, ние сме народ, ние сме историја, зарем сето ова да се заборави. Друг збор немам, многу сим возбуден, да е жива и здрава Македонија, рече  жителот на Ѓевгелија.

Битолчанка пак преку приказни за Преспа рече дека дошла на протестот да ја брани Македонија.  

-Договорот не важи, една е наша Македонија, нема каде да одиме. Мислам дека  Македонија била до Ниш, рече таа.

.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани