2win800x200

 

 
Денеска (28.01.2023) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. Кај еден од нив измерени се 2,61 промили алкохол. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Уште една сообраќајна несреќа на улицата  "Едвард Кардељ" се случи попладнево околу 14 часот, во која учествуваат три возила.

Незгодата е на крстосницата кај старата Ветернарната станица, а полицијата во моментот врши увид..

Оваа несреќа е втора за неполни  12 часа по карамболот на Едвард Кардељ, во кој едно возило удри во две други паркирани и истурка контејнери, а возачот се здоби со полесни телесни повреди

Сообраќајот на Обиколницата кај Битола е нормалзиран околу 20 часот, информираат од битолската Полиција за апла.мк.  Патот беше блокиран околу еден час, откако жителите од Ромската населба запалија ѓубре на коловозот од што се издигаше густ и црн чад. Тие  на овој начин го изразува револтот затоа што со денови се без струја. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани