2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За првпат изработен е софтвер за мониторинг на енергетската ефикасност на објектите во Битола кои се под надлежност на Општината. Преку овој софтвер мапирани се сите општински објекти колку се енегетски ефикасни, а ќе се следат и анализираат и трошоците за енергија што на крај ќе покаже дали со нив домаќински се управува во однос на искористувањето на енергијата.

„Со овој софтвер, за кој се врши обука на вработените од установите кои се во надлежност на Општина Битола, сите сметки, трошоци што ги имаат училиштата, градинки, општинската зграда ќе се внесуваат и ќе се пратат. Општина заедно со ЈП за урбанмизам ги мапираа сите објекти според нивните перформанси. Потоа на менмаџерите во Општината ќе им биде полесно да одлучат каде треба следно да инвестираат , да видат каде се најголеми трошоците за енергија во установите под нивна надлежност, но и да видат дали има неодговорно работење. Доколу се извршила инвестиција во некоја установа, а понатаму софтеверот ги идентификува со високи трошоци значи некој неодговорно се однесува, па ќе може да се реагира“, рече професорот Игор Неделковски од Фондацијата Гаус институт за нови технологии, иновации и трансфер на знаење.240952212 1840831429423165 3678661720546637031 n

Дури и граѓаните преку новиот веб портал ќе можат да ги проверуваат своите објекти дали им се енергетски ефикасни. Ова е само дел од проектот за подобрување на енергетската ефикасност кај објекти „БЕНЕФИТ„, финансиран од Европската Унија и фондовите на земјите учеснички, во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“.240951947 262397355701944 5943730949387051683 n

Од денес до 03.09.2021 организирана е Недела на енергетска ефикасност во Општина Битола. Активностите започнаа денес со форум на тема: Трендови во енергетската ефикасност во Република Северна Македонија. Неделата на енергетска ефикасност ќе се затвори на 03.09.2021 со организирање на Отворен ден на проектот БЕНЕФИТ и презентација на реализираното во рамките на проектот БЕНЕФИТ пред јавните медиуми и други засегнати страни. При тоа планирана е посета и презентација на реконструкцијата на Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

„Во рамки на проектот Бенефит ја имаме неделата на енергетска ефикасност. Немаме само градежни зафати со овој проект кои ги изведовме во спортската сала Боро Чурлевски, каде директно извршивме имплементација и дадовме еден импут, додадена вредност во енергетската ефикасност во објект на општина Битола, со ова покажуваме дека имаме и еден интегриран сериозен пристап на се што понатаму треба да се случува“, рече градоначалничката Наташа Петровска.240804588 274824307479771 5661880810656942977 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани