АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
89- годишниот битолчанец, кој од Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола беше испишан вчера, е највозрасниот пацинет кој се лекувал од ковид-19 од Битола и успеал да го победи вирусот. Тој не е првиот жител на Битола од трето доба кој го преживеа коронавирусот. Во тоа досега успеаја неколкумина битолчани кои во деветата деценија од животот се излекуваа од ковид-19. Дури и првиот пацинет со оваа болест во Битолската болница на почетокот на април беше 85-годишен битолчанец, кој се излекува, а после него уште неколкумина други повозрасни пацинети.
„89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен дијагностициран преку Центарот за јавно здравје кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија. Кај нас беше хоспитализиран дестина дена и во стабилна состојба, со добра клиничка слика, по добивање на два негативни контролни теста се испиша од Инфективно одделение. Првиот пациент кој беше од Битола хоспитализиран имаше 85 години, највозрасните пациенти кои сме ги имале се пациенти на 83, 84, 85 години и овој кој досега бил највозрасен 89- годишен, оздравени од ковид 19, испишани со два негативни теста во добра состојба“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница од Битола.
Центарот за јавно здравје објави дека уште кај шест лица од Битола болеста КОВИД-19 е во тек. Од појавата на болеста до денес со коронавирус заразени се 28 битолчани, од кои двајца починаа, а дваесет се излекуваа.
Тројца болни од КОВИД-19 во Битола се излекувале од болеста. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека излекувани се двајца пациенти од болничко лекување и едно лице од домашно лекување. Нема прецизни податоци дали двајцата пациенти кои се лекувале на болница се битолчани или пак од друг град со оглед на тоа дека на Инфективното одделение се лекуваат и пациенти од Струшко.
Регистрирани се 48 излекувани пациенти во земјава. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови:
- Скопје -11
- Куманово -2
- Прилеп -9
- Тетово -2
- Велес - 3
- Валандово -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.