АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последните 24 часа Во Битола се регистрирани уште двајца новозаболени битолчани со коронавирус. Вкупниот број на активни случаи е 24, а од почетокот на пандемијата до денес се разболиле 65 лица, од кои има двајца починати.
Во Ресен бројот на новозаболени се намали и денес е регистриран само еден нов случај, но активни има три пати повеќе од Битола, односно 88, од вкупно 129 заболени од појавата на болеста до денес.
Во Битолската болница хоспитализирани се 44 лица.
Инаку на ниво на држава направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 83
- Куманово 8
- Дебар 2
- Штип 6
- Прилеп 3
- Тетово 26
- Струга 5
- Битола 2
- Охрид 8
- Гостивар 8
- Крива Паланка 1
- Крушево 1
- Кочани 1
- Пробиштип 2
- Македонски Брод 1
- Свети Николе 4
- Кичево 6
- Ресен 1
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.
- Скопје 48
- Тетово 18
- Велес 1
- Гостивар 1
- Кочани 1
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.