АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Трите медицински сестри кои од Клиничката болница Битола беа избрани по системот ротација да помагаат во ковид центарот на ГОБ 8 ми Септември во Скопје денеска се враќаа во Битола по поминати 21 ден во оваа болница.
-Нашите медицински сестри успешно ја завршија мисијата и сега се враќаат дома, за нив добивме само пофални зборови и признание дека беа на ниво на задачата, велат од Битолската болница.
На нивно место заминуваат нов тим од медицински сестри Наде Пинза од Прихијатриското одделение, Снежана Мицковска од Интерно одделение и Зоре Јоновска од Педијатрија.
-Да им посакаме среќа и да бидат успешни исто како и сестрите од првата група, порачуваат од болницата во Битола.