АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членовите на Собранието при Здружението на пензионери од Битола на денешната седница која се одржа со почитување на мерките за заштита од ковид-19, а со која раководеше претседателот Крсте Белевски, го усвои извештајот и завршната сметка за работењето во изминатата година. При тоа, Белевски рече дека работењето е позитивно, а Здружението доделени и неколку хуманитарни донации на медицински установи.. Така, 150 000 денари беа дадени за операции и лекување на пензионери.
Претседателот на ИО Томе Димитровски информираше дека одредените анкетари кои неодамна беа обучени за изработувањето на социјалните пензионерски книшки, собирањето на податоците ќе го спроведат во април и мај и тоа кај оние пензионери што се заинтересирани за таа цел, бидејќи книшката ќе биде од нивна полза. Димитровски рече дека запишувањето за огревни дрва ќе трае до средината на идниот месеци. И годинава членовите на здружението кои се 19 300 на број, ќе може еднаш месечно бесплатно да контролираат шеќер, притисок и холестерол во три здравствени установи во градот . Доколку Општината формира јавно претпријатие за градски превоз ќе биде потпишан договор за да можат да го користат пензионерите од Битола, Новаци и Могила по поволни услови.
Со примена на мерките за заштита од ковид-19, одредени активности во Здружението на пензионери нормално се одвиваат. На денешната 27 седница на Извршниот одбор со која претседаваше Томе Димитровски беа донесени неколку одлуки кои се од суштинско значење за поуспешна работа на пензионерската организација.
Покрај другото, стана збор и за начинот на запишување огревно дрво оваа година. Бидејќи лани во врска со снабдувањето со огревно дрво имаше одредени потешкотии, годинава ќе се настојува таа активност поуспешно да се извршува. Уписот на огревни дрва започнува утре, а ќе бидат запишувани според одлуката на републичките органи за определување на одредени количини. На седницата беа донесени и неколку други одлуки од административен карактер.
На денешната 26 седница на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, беше усвена Предлог одлуката за утврдување на Програмата за работа за 2021 година. Исто така усвоена е и предлог одлуката за Финансиската програма на Здружението
С О О П Ш Т Е Н И Е
Здружението на пензионери Битола ке врши запишување и уплата на свински полутки за сите заинтересирани пензионери- членови на Здружението на пензионери од Општина Битола, Новаци и Могила.
Запишувањето на свинските полутки ке се врши во периодот од 10.11.2020 до 30.11.2020 год.
Со оглед на состојбата со корона вирусот,запишувањето на свинските полутки ке се врши во Клубот на пензионерите на ул. ,,Булевар 1-ви мај бр. 268 Битола во време од 11 до 13 часот. и при тоа мора да се почитуваат сите мерки на претпазливост пропишани од здраствените органи на Република Северна Македонија.
При запишувањето на свинските полутки, секој пензионер треба да носи лична карта и талонче од пензијата од последните три месеци со пензионерски број.
Плакањето на свинските полутки ке се врши на три последователни рати, со тоа што првата рата мора да се плати веднаш со запишувањето на полутките.
Големината на полутките ке изнесува од 25 до 35 кгр.
Се повикуваат сите заинтересирани фирми кои вршат продажба на свинско месо да поднесат писмени понуди до ЗП Битола најдоцна до 05.11.2020год во затворен плик со назнака ,,понуда,, на адреса ,,Булевар 1-ви мај,, бр.268 Битола.
Секој понудувач треба да достави писмен доказ дека поседува продавница за месо, а при испораката на свинските полутки да се придржува кон сите мерки и протоколи пропишани од здраствените органи предвидени за испорака на ваков вид на производи.
При изборот на најповолна понуда Комисијата ке ја зема во предвид цената и квалитетот на месото.
Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола на денешната седница разгледа неколку прашања од животот и работата на пензионерите. Информација за спроведената анкета за изработка на социјална карта поднесе претседателот Томе Димитровски , кој рече дека анкетните листови во 31 огранок на Здружението на пензионери се комплетирани и во нив се регистрирани сите потребни податоци за материјалната и социјалната состојба на пензионерите од Битола. Анкетарите анкетирањето го извршија без никаков материјален надомест, поточно волонтери под раководство на Емилија Костурски, советник во битолскиот Совет.