АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средношколците Мила Ивановска од Битола, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, Димитар Џорлев од Струмица и Дарко Стојчев од Кавадарци се закитија со бронзени медали на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Габароне , Боцвана, што се одржува од 2 до 11 декември, годинава. На Олимпијадата од Република Македонија учестуваа шест деца Мила Ивановска од Битола, Димитар Џорлев од Струмица, Дарко Стојчев и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, како и Дамјан Јанчевски и Бисера Јанчевска од Скопје.
Учениците се натпреваруваа во области од физиката, хемијата и биологијата.
Мила Ивановска се закити со бронзен медал на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, а бронзениот медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на младата битолчанка, ученичка во прва година, природно-математичка насока А, во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.
Со бронзен медал на Меѓународната јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017 Холандија, се закити нашата битолчанка Мила Ивановска (14) , ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола.