АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Креираме образование базирано на вистински потреби на стопанството, со што бенефит ќе имаат и учениците и компаниите. Учениците добиваат пракса и потенцијално сигурно вработување по завршување на образованието, додека компаниите добиваат кадар подготвен да одговори на дадените работни обврски. Ова се придобивките од измените кон кои се стремиме на средното стручно образование во нашата земја, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Битола, каде вчера продолжија средбите со компаниите, средните училишта и локалните самоуправи.
Министерката имаше работна средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска, заедно со претставници на компании од општината. како и со директорите на средните училишта. Разговараа за тоа кои се потребните профили што треба да се отворат во средните училиштаво 2021/22 година.
„Преку дијалогот што се одвива во различни општини, а под мотото ‘Учи паметно, работи стручно’, имаме идеја како Министерство да поттикнеме доверба помеѓу училиштата и компаниите и реалниот сектор , на тој начин тие создаваат заеднички систем на образование и подготовска за идните кадри кои треба да бидат вработени во компаниите. Но, во текот на образованието треба да се стекнат со потребни вештини за работа, а исто така и со работни знаења и следење на културата и динамиката на работа во компаниите. Значајно е во образованиот ситем тие да добијат знаења , но во компаниите треба да се навикнат и на работниот процес“, рече Царовска.
Таа посочи дека во дуалното образование во земјава најголем дел се вклучени компании кои се странски инвестиции, но се повеќе се охрабруваат и домашни македонски фирми.
„Да се вклучат и помалите компании кои имаат по неколку вработени, да вклучат по еден двајца ученици и со помош на Стопанската комора да оспособат ментори во истите тие компании и да се вклучат во остварување на работата на дуално паралелки кои во четвртата година од образованитео веќе имаат се поинтензивно учество во работен процес. На тој начин со подготвен кадар ќе стигнуваат на работните места, место да трошат време и еденргија една година од вработувањето да го оспособуваат работникот за да стане продуктивен“, додаде министерката.
Градоначалничката Наташа Петровска истака дека „навременото поставување на стратегија на струки кои ќе бидат воведени во образованиот систем, курикулумите поврзани со нив, и тоа како треба да бидат усогласени со потребите на пазарот на трудот, дефинитивно треба да се развијат низ социјални дијалози како овој во Битола.
„Длабоките болки што сме ги имале во минатото, а кои носеле тешки последици врз работната сила да се најде на пазарот на трудот со ваквив сериозен пристап навистина можеме да го видиме излезот и да имаме целокупен општествен развој“, рече Петровска.