АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Меѓународниот ден на учителот, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која години помина работејќи како наставник во средно образование, денес го посети Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ каде на наставниот кадар им го честита празникот и им посака успех во наставата оваа учебна година. Таа на лице место се увери како тече новиот начин на настава и со какви предизвици се соочуваат наставниците во оваа учебна година.
Пред почетокот на оваа учебна година Општина Битола ја даде потребната поддршка до сите основни и средни училишта, со цел новиот модел на настава да се одвива без проблеми. Во основното образование беа вложени 5 502 400 денари за набавка на 203 компјутери, платен интернет за 12 месеци и 55 бесконтактни топломери Во средното образование пак, беa вложени 2 399 200 денари за набавка на 89 компјутери, исто така интернет за 12 месеци и 12 мерачи на температура. Вкупно издвоената сума за сите училишта е 7 901 600 денари или 128 481 евра.
По референдумското „да“, на 8 Септември 1991 година со гласот на народот, се роди независна, самостојна и суверена држава во која што денес живееме. По тој повод, пред Споменикот на револуцијата кај Центарот за култура во Битола, свежо цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Сојузот на борците и претставници на политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.