2win800x200

КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧИЛИШТАТА И СИЛНА ИНТЕРНЕТ ВРСКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА- ОПШТИНАТА ИЗДВОИ 120 000 ЕВРА

Септември 10, 2020

Со денешниот ребаланс на буџетот Општина Битола издвои над 7,8 милиони денари или 120 000 евра за да се набават компјутери и силна интернет врска за сите наставници и професори да можат он-лајн настава непречено да држат од основните и средните училишта во градот. Исто така за сите училишта набавени се и бесконтактни топломери.

„Со ова даваме целокупна поддршка за успешен почеток на учебната година во овие околности , а тоа е уште една потврда за добрата кондиција на буџетот на Општината. Имајќи ги во предвид спецификите во кои се наоѓаме, дури и таму каде што ќе има физичко присуство мора да имам и ватијанта за он-лајн настава зашто еден заболен ученик во една училница би значело автоматски изолација на останатите , односно следење на настава он-лајн“, рече градоначалничката Наташа Петровска.NATASA P

Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола изјави дека ќе биде обезбеден за секоја учлилница по еден компјутер во која ќе можат наставниците и професорите да држат онлајн настава со децата.

„Тоа ќе значе солидна интернет врска за непречено да се одбива овој процес. Средствата ќе бидат префрлени кон улчилиштата за да ги набават компјутерите“, рече Груевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани