2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На овоштарите од Ресен ќе им се платат 30 проценти за штетите од лани, одлучи Владата

Септември 09, 2020

Владата на денешната седница одлучи дека во Ресен ќе исплати парична помош во висина од триесет проценти од износот на проценетите штети од невремето кое на десети јули лани ја погоди Преспа. Од невремето кое беше прогласено за елементарна непогода, проследено со ветер налик на ураган со удари од 180 до 200 километри на час и силни врнежи од град и дожд, беа оштетени овошки на 400 хекари, а штети имаше по куќите и други објекти во Преспа.

 

„На денешната седница, членовите на Владата го разгледаа и усвоија збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен задолжувајќи го Министерството за финансии да подготви одлука за одобрување на средства од буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година за парична помош во висина од 30 проценти од износот на проценетата штета на Општина Ресен“, пишува во соопштението од Владата.

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски на неговиот фејсбук профил изрази јавна благодарност и напиша дека со ова во голем дел ке ублажи минатогодишната штета предизвикана од големото невреме во Преспа. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани