Градежната сезона е во полн ек, багерите се тука за оние што сакаат да ги видат, рече Петровска при увидот во градежните активности со министерот Бочварски

Септември 11, 2020

Да се придвижат сите проекти и да се фокусираат на капиталните проекти што ќе ја раздвижат целата економија и ќе дадат сериозен импакт во развојот на Битола и регионот, рече министерото за транспорт и врски, Благој Бочварски при првата негова посета на една општина откако е назначен на оваа функција.

Тој заедно со градоначалничката Наташа Петровска, изврши увид во градежните работи на улиците „Партизанска“ и „Илинденска“, проекти кофинансирани од Општината и Министерствтото.

-Овде сме на улицата Партизанска да направиме увид во градежните работи, проект кој што е преку Министерството за транспорт и врски, но со кофинансирање од Општина Битола. Ова е сериозна артерија, а резултатите наскоро ќе бидат видливи. Многу делови од градот воопшто не биле доволно третирани, а денес имаме реконструкции и изградба на нови инсталации. Решаваме суштински проблеми за граѓаните и затоа вложивме околу 1,2 милиони евра за реални потреби, а Општина Битола го следни овој динамички процес. Мојата цел е заедно со градоначалниците да ги пресретнуваме проблемите и да ги отстраниме пред да се случат, односно да нема застој во работите. Капиталните инвестиции се развојот на државата, а во вакво време на корона криза мора да работиме за што поголем процент на искористеност на капиталните инвестиции затоа што тие се директни пари што се праќаат во економијата, во нашите компании и во отворање или задржување на работните места. Министерството за транспорт и врски ќе биде ветер во грб за сите општини, со цел рамномерен регионален развој, изјави Бочварски.

Според градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, соработката со Министерството за транспорт е одлична и таа ќе се интезивира.

-Градежните активности на улиците „Партизанска“ и „Илинденска“ се во полн ек, а само за овие два инфраструктурни проекти како капитална инвестиција, Општина Битола вложи 900.000 евра додека Министерството за транспорт вложи 650.000 евра со што се потврдува партнерската соработка меѓу двете институции. На улицата „Партизанска“ целосно е изградена фекалната канализација, 70 проценти е завршена атмосферската канализација, а се поставуваат и страничници на коловозот. На потегот кај Илинденска, градежните зафати се одвиваат на 10 делници. Едната делница е веќе со асфалтиран коловоз, три делници се со завршена атмосферска и фекална канализација, следува тампонирање и подготовка за асфалтирање. Со тоа за многу скоро ќе бидат завршени 4 делници, а продолжуваме со иста динамика и за останатите делници. Улицата е во должина од 1,2 км и за да нема сообраќајно оптоварување динамиката беше вака дефинирана. Исто така, заврши јавната набавка за поместување на каналот под Тумбе Кафе и тоа е претходница за инфраструктурни зафати на улицата „Крушевска Република“ како значаен крвоток во градот и намалување на сообраќајното оптоварување на улицата „Партизанска“ во Битола. Градежната сезона се одвива со полна динамика, а багерите за оние што сакаат да ги видат се тука, посочи Петровска.

 123

124

126

128

119194148 1050455955390526 6188802946529612586 n

119196442 340405957280820 7999212243262184268 n

119217050 816902515783521 5815813762808200133 n

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани