2win800x200

Дезинфекција во ,,Коца Василева", градинката в понеделник продолжува со работа

Септември 12, 2020

 

 

Во детската градинка ,,Коца Василева" во Битола каде  се појави првиот случај на вработено лице позитивно на ковид-19, денес се врши дезинфекција од Центарот за јавно здравје на просторијата каде работела заразената негователка, како и на другите делови од градинката.

 
Негователката која е позитивна на вирусот на работа била неколку часа само првиот работен ден кога се отворија градинките, а потоа заминала дома. Завчера се тестирала и вчера излегле резултатите со кои се потврдило дека е разболена од коронавирус. По ова, во изолација се ставени пет деца од групата и петмина вработени, односно три негователки и две воспитувачки.
 
 
,,Негователката цело време била со маска и визир додека работела. Меѓусебе немаат контакт ни групите, ни вработените. Средбите меѓу негователите кратко се случиле пред да почнат градинките со работа", рече Снежана Тодоровска, директорка на ЈОУДГ ,,Мајски цвет"  под чија надлежност е и ,,Коца Василева". 
 
 
Градинката ,,Коца Василева" пред пандемијата згрижуваше 200деца, сега по протоколи може да згрижи 100. Деновиве оделе шеесетина дечиња. Градинката од понеделник продолжува со работа. 
 
,,Повеќе од месец дена во установата има Комисија за менаџирање во кризни ситуации, а повеќе од месец работиме на протоколите кои пред три месеци ни  испратенија надлежните. На сите вработени им се доставени пророколите. Хигиената е на високо ниво. Родителите не направија проблем. Ова нема да ја поремети работата. Родителите и децата долго време не очекуваа да се отвориме. Овој вирус меѓу нас е долго време, родителите се доста совесни и ќе продолжат да ги носат дечињата", рече Тодоровска.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани