2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

АД ЕСМ Подружница РЕК „Битола“ повод 8. Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник.

„Свети Климент останува светол лик од историјата на просветата и духовната преродба како основач на Охридската школа, која се смета за прв балкански и европски универзитет, низ којашто минале околу 3.500 ученици. Повикани сме да му ја оддадеме должната почест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно – просветителско дело со кое нѐ задолжи сите и покажа како со посветеност се станува и просветител и духовник“, пишува во честитката.

АД ЕСМ ги осудуваат обидите за сензационализам на приватниот живот на секој граѓанин, како и обидите на опозициската ВМРО-ДПМЕН да ги прозива оние граѓани кои работеле дополнителна работа за лична егзистенција, особено кога политичката структура не дозволуваше професионални лица да работат и да напредуваат на соодветно место ако немаат соодветна партиска припадност, се наведува во соопштението од АД ЕСМ, откако денска Управниот оодбор на Државните електрани донесе одлука Пеце Матевски да го назначи за ВД директор на РЕК Битола , а Стојан Мицоски за ВД директор на РЕК Осломеј.

Од повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола ќе биде потпишан договор за набавка на 90 илјади тони јаглен, од Албанија. Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Р. Северна Македонија и од регионот, дел од понуди не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација.

Поради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа, соопштија од ЕСМ.            

Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.  Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади, велат од ЕСМ. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани