АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција ги известува граѓаните и правните субјекти во подрачјата под надлежност на СВР-Битола дека е забранета и казнива дистрибуцијата и продажбата на петарди и други пиротехнички материјали. За ова кривично дело се предвидени парични казни и казна затвор до три години.
„Исто така се предупредуваат граѓаните дека со употреба на петарди и други пиротехнички средства можат да предизвикаат опасност од самоповредување и повредување на други лица и тоа повреди на екстремитети,губење вид и сл., а со нивна употреба на јавно место го загрозуваат мирот и безбедноста на останатите граѓани. За прекршителите предвидени се парични казни во противвредност од 200-500 евра,а за родителите чии деца вршат прекршоци од овој вид,заради занемарување и негрижа предвидени се глоби од 600 до 800 евра во противвредност“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на Битолската полиција.
СВР-Битола ќе презема континуирани,редовни, но и зајакнати акциски контроли заради откривање и санкционирање на лица и правни субјекти кои ќе постапуваат спротивно на законските одредби.
Во просториите на СВР Битола денеска беше одбележан Денот на превенцијата во полицијата 9 –ти декември. Во склоп на одбележувањето на дечињата од градинките, основните училишта, учениците од сообраќајните единици од основните и средните училишта, на претставниците од Црвениот Крст, Општината, невладините организации, Општинскиот и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од страна на Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, им беше презентирана дел од опремата и возилата со кои располага полицијата.
Во средата во СВР Битола, 19-годишна девојка од Битола пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот додека се возела во автобус кој сообраќал на релација Скопје-Битола, маж ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР -Битола
СВР-Битола соопшти дека во текот на вчерашниот ден битолчанецот Н.С. (61 г.) во СВР-Битола пријавил дека во ноќта меѓу 19 и 20. август непознат сторител извршил тешка кражба во негова гаража ул.„Ѓорѓи Зековски” во Битола.
Секторот за односи со јавност при СВР-Битола потврди дека според пријавеното, станува збор за тешка кражба во која сторителот одзел 17 куќишта од компјутери, графички картички и други составни делови од компјутери.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот, нагласуваа од СВР-Битола.