АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција соопшти дека пукањето со огнено оружје на свадби и неовластено организирање огномети зачестија во последно време при свадби и други прослави. Полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од вакви активности. На терен се преземаат интензивни мерки за контрола и превенција. Присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено и ќе вршат контроли за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.
„Преупредуваме дека неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок и да биде кривично дело. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години“, соопштија од СВР Битола.
Свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.
Ж.ЗДРАВКОВСКА
На 24.07.2022, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола, по преземени мерки и активности, на крстосница од ул.„Драгорска“ и ул.„Кирил Пејчиновиќ“ во Битола го пронашле патничкото моторно возило „цитроен ц3” со ресенски регистарски ознаки, за кое на 24.07.2022 Ј.П. од с.Подмочани, ресенско, пријави дека му беше одземено. Возилото е вратено на сопственикот.