АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во текот на денешниот ден (02.10.2022)во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 23 возачи. За време на контролата биле санкционирани и останати 18 прекршоци.
На 24.09.2022 во полициска станица при СВР Битола е повикан на службен разговор Ј.Н.(27) од с.Мусинци, битолско, затоа што во 17.40 часот на раскрсницата на ул.„Наум Наумовски Борче" со ул.„Прилепска", од страна на полициски службеници од СВР Битола кај него бил пронајден пиштол, рамка за пиштол и 13 куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Битола денеска учествуваше во одбележувањето на Светскиот ден на првата помош како дел од Конвенцијата на прва помош која се одржа во Битола на која учествуваа сите организации на Црвениот крст од државата.
На неколку локации по "Широк Сокак" во Битола се прикажа укажување на прва помош и заштита.
СВР Битола покрај обезбедување на настанот беше присутна и при изведување на вежба симулација на пожар и сообраќајна незгода во Битола, како и пружење на прва помош на настраданите.
Денеска (17.09.2022)во времето од 07:00-12:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 55 возачи.
Вчера (03.09.) полициски службеници од СВР Битола - ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план "Безбедно лето", по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул "Караорман" во Битола. При претресите затекнати се М. А. (32), Е.Р.(50),Ш.М.(47),А.И.(36) и двајцата организатори, сите од Битола. Лишени се од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 ,,комар".