2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Утре, 4 јули, со почеток во 18 часот во Зоолошката градина во Битола ќе се одржи промоција на книгата „Мисловни патеки“ од сега покојниот Нешат Аземовски, а промотори ќе бидат неговата сопруга Фатма Бајрам- Аземовска и нивните деца Леона и Даријан.

„Нешат беше битолчанец кој никогаш не сакаше да живее и работи на друго место, иако ги добиваше најдобрите работни места за да работи надвор од Битола. Нешат беше човек со визија, ги знаеше работите што треба да се случат и после 10 години. Велеше дека промената на менталната матрица е она што треба да го копираме од европските метрополи“, напиша неговата сопруга на социјалните мрежи.

Основно училиште заврши во „Елпида Караманди“, истакнувајќи се со својот став, одлични оценки и беше активно вклучен во многу секции. Средно училиште заврши во „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, исто така со просек 5. Потоа, се запиша на Природно-математичкиот факултет на Институтот за биологија во Скопје.

„Тао беше периодот кога сам се снаоѓаше во животот, го купи првиот компјутер и принтер и почна сам да заработува за живот, помагајќи им на студентите да направат есеи, семинарски и дипломски работи.

Подоцна ја основа невладината организација „Биосфера“ како борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултурализмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата. Вклучен беше во многу проекти за зачувување на планетата Земја“, додава Фајрам-Аземовска.

Посебен интерес покажуваше за заживување на Зоолошката градина во Битола. Започна со реализирање на многу проекти и активности.

Се запиша на втор факултет одбирајќи го ФАМИС Битола, на отсекот Европски интеграции и менаџирање со европски проекти. Во тој период станува неформален ментор на многу студенти со неговиот ведар дух, знаења и вештини. што ги запознава во тој период, учат од него за многу животни лекции и тој ги охрабрува сами да чекорат по патеката на животот, па така Нешат беше иницијатор за основање и други н евладини организации кои денес успешно работат остварувајќи ги своите цели, благодарение на менторството и помошта која Нешат несебично ја даваше на младите.

„Нешат веруваше во Универзумот и често знаеше да дава мудри совети кои беа познати како нешадизми. Беше прекрасен сопруг и татко, човек посветен 24 часа на семејството, тие му беа најважни. За да може подобро да одговара на родителството посетуваше обуки, читаше книги и имаше секогаш време за семејството. Нешат е тука со неговите мисли, со совети, со нешадизмите. Неговите дела уште зборуваат за него“, напиша сопругата.

Библиотекарките од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, докторанд Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски ја посетија Националната библиотека во Лајбциг, Германија.

Библиотекарките Аземовска и Ѓоргиевска- Неделковски имаа можност да ги разгледаат музејот на стари книги кој е во рамки на Националната библиотека во Лајбциг, а потоа да ја посетат и библиотеката. Бидејќи е Национална библиотека, книгите можат да се користат само во читалните кои се наменети за корисниците. Во рамки на библиотеката функционираат 8 читални, секоја е со посебен стил. За јавноста е достапна најстарата читална која има автентичен изглед. Стилот на едно вековна историја помешана со новите архитетски достигнувања оставаат без здив. Љубезните библиотекари ни ја раскажаа историјата на библиотеката и ни овозможија да го посетиме и затворениот дел од библиотеката.

345904913 271237908672814 8556975889360801272 n

Во Германија постојат само две национални библиотеки од кои едната е во Лајбциг, а другата е во Франкфурт на Мајна. Историјата на библиотеката во Лајбциг започнува во 1914 година. Во тој период во Лајбциг се одржувала Меѓународна изложба за трговија со книги и графика. По завршувањето на изложбата целиот материјал бил оставен. Оваа можност била искористена во Лајбциг да се отвори националната библиотека која започнува со архивирање на целиот тој материјал, а подоцна ги собира, архивира, документира и библиографски, забележува сите германски публикации и публикации издадени на германски јазик од 1913, странски публикации за Германија, преводи на германски дела и дела на германски емигранти издадени во странство помеѓу 1933 и 1945 и да овозможи да станат достапни на јавноста.

Германската национална библиотека одржува соработки со надворешни субјекти на национално и меѓународно ниво. Соработката со издавачите е регулирана со закон од 1935 за Германската библиотека Лајпциг и од 1969 за Германската библиотека Франкфурт. Должностите се поделени помеѓу објектите во Лајпциг и Франкфурт на Мајна и секој објект ја насочува својата работа во одредени области. Во 2010 поради потребите на библиотеката е дограден нов дел.

345657049 450159327326821 2458870351624582039 n

346029823 620609569675169 1299623737040737285 n

„Над 80 проценти од ромското население не знае дека ПАП тест може да се направи бесплатно, жените не знаат дека еднаш на шест месеци или годишно треба да одат на преглед за дојки. Ромите одат на испитување кога е многу доцна за нивното здравје“, рече Фатма Бајрам Аземовска од Здружението „Сумнал“ кое е еден од основачите на Здравствениот-едукативен центар за Роми отворен денес во Битола. Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус плус програмата во соработка со други партнери, а вклучени се седум држави каде исто така отворени се вакви центри.

„Се заминаваме со образованите активности, но видовме дека е многу важно да го погледнеме и здравствениот дел. На овој проект му претходеше и истражување, а податоците што ги добивме беа на многу незадоволително ниво. Видовме дека Ромите одат на испитување кога е многу доцна, а не ги знаат бесплатните едукативни програми што ги дава државата. Во следните три години ќе организираме работилници, неформално образование, спортски активности, образовни едукативни камањи, активности за превенција и добивање здравствено осигурување, редовно спортување , здрава исхрана, мерки за превенција од рак, совети за повозраната група околу вакцинирањето на децата, прегледи и тремани на заби“, рече Бајрам –Аземовска.

Ова е прв ваков центра во државата, а поседувањето меѓу здравствените институции и ромското население ќе го врши преку здравствен медијатор.

„Сето ова со со цел да се подобри здравјето на Ромите зашто тие се маргинализирана група. Се определив за медицината бидејќи со неа можеме да доприме до поголме број луѓе , да им помогнеме, а на Ромите им треба таква помош“, рече Мелиса Комина здравствен медијатор за Македонија.

306121439 775583043723662 4556252185449193649 n

 

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“,- Битола го одбележаа Светскиот ден на борба против неписменоста. На настанот беа присутни м-р Фатма Бајрам Аземовска, Ферзија Асаноска - дипломиран економист (образовен медијатор), Филиз Алиу - дипломиран правник (образовен медијатор), Мелиса Комина – студент на Високата Медицинска школа, заедно со учениците од 8 одделение.На средбата се разговараше за важноста за образование, како услов за интеграција на Ромите во општеството. Присутните дипломирани Ромки зборуваа за нивниот пат како дипломираа, пречки со кои се соочија и како ги надминаа. Во текот на работилницата се зборуваше и за моќта на читањето да се реализира во потполност и за да може секој од нас да си најде прибежиште, сон, знаење. Во ова време читањето е толку скапоцено, нашата заедничка заложба за поврзување со и во читањето го добива своето вистинско значење,

Меѓународниот ден на писменоста се прославува низ светот на 8 септември за да се потенцира писменоста „како човеково право, како сила за достоинство и како основа за смирување на општествата и одржлив развој. Според зборовите м-р Фатма Бајрам Аземовска „Ни треба поголема инвестиција и поефективни политики за да вградиме акција за писменост во рамките на пошироките развојни политики, програми за образование на возрасни, акредитирани скратени програми за описменување, со поддршка на иновативни механизми кои генерираат позитивни синергии во сите политички области, кои се од витално значење за градење на повеќе праведно и кохезивно општество. “

Од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени. Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени
Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени. Поголемиот дел од писменото население се жени, но и над две третини од тие што се неписмени.Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите според податоците од 2021 година.

„Сумнал“ – Здружение за развој на ромската заедница во Битола организираа предавање на тема „ Да, депресијата се лечи!“„

Предавањето го одржа проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска.

„Предавањето „Да, депресијата се лечи!“ цели да ја зголеми свеста за депресијата, особено во ромската популација. Сакаме да им доловиме на луѓето кои немаат предзнаење за депресијата, дека тоа е болест како секоја друга, дека се лечи, дека има многу можности да се подобри животот и да се спречи страдањето. Присутните беа запознаени со начинот како депресијата се манифестира, нејзините форми, како луѓето се чувствуваат, како се лекува и како можеме да им помогнеме. Се надеваме дека ќе помогнеме да се разбијат предрасудите и невистините кои кружат во народот за депресијата“, рекоа од „Сумнал“. 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани