2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Анита Ангелевска, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и низ годините носител на партиски функции, како и актуелен советник од партијата, денес беше експресно разрешена откако даде изјава во која побара оставка од Мицковски и вонреден конгрес.

Дали бившиот градоначалник на Битола Владимир Талески , обвинет за случајот „Транспортер“се вклучува во претстојната кампања за следните парламентарните избори најавени за во април. Ова е прашањето што се наметнува откако Талески вчера присуствувал на прославата на партијата во Прилеп по повод празникот 23 Октомври-Ден на Македонската револуционерна борба. Талески ретко може да види низ битолските улици, но затоа пак, каде  е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, тој е речиси секаде присутен. При посетите на Мицковски во Битола, Талески е секогаш блиску до него. Останува да се види дали лидерот на опозицијата ќе го вклучи Талески во престојната кампања .

Час и половина граѓани од Битола, поддржувачи на опозициската ВМРО ДПМНЕ го чекаа лидерот на партијата  Христијан Мицкоски на најавената средба со битолчани.Партијата на  Мицковски најави дека денеска од 16 и 30 часот нивниот лидер ќе биде на Широк Сокак за да ги слушни проблемите на граѓаните и заедно со својот тим да понуди решенија  за истите.

-Од денеска почнуваме со кампања која ќе биде предкампања која што треба да заврши со една голема победа на народот пред се, а потоа победа и на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата на  предвремени парламентарни избори. Се надевам дека и од овде и од Битола, местото од каде што ја започнуваме и оваа наша кампања наречена „Обнова за Македонија“ да ги повикам да се охрабрат да се осмелат да се соочат со народот, да излезат  помеѓу народот да видат дали навистина „блескаме“. Единствено нешто што „блеска“ се куфер политиките. Затоа  да се охрабрат и да излезат од оние дебели кожени фотељи и да распишат предвремени  парламентари избори и да видиме дали политиките на Зоран Заев и СДСМ „блескаат“ или „блеска“ незадоволството на народот, изјави пред битолчани Мицкоски.

м 1

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на координаторот на локалниот огранок во Битола Иванчо Тошевски и други панинари денес се искачија на врвот Антена на Пелистер. Ова беше дел од активностите за одбележување на 29-от роденден од основањето на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Тие го посетија и споменикот Пирамида посветен на македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато од каде се протега прекрасна глетка кон Преспанското Езеро.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани