2win800x200

Мицкоски меѓу битолчани на разговори за Обнова на Македонија

Септември 27, 2019

Час и половина граѓани од Битола, поддржувачи на опозициската ВМРО ДПМНЕ го чекаа лидерот на партијата  Христијан Мицкоски на најавената средба со битолчани.Партијата на  Мицковски најави дека денеска од 16 и 30 часот нивниот лидер ќе биде на Широк Сокак за да ги слушни проблемите на граѓаните и заедно со својот тим да понуди решенија  за истите.

-Од денеска почнуваме со кампања која ќе биде предкампања која што треба да заврши со една голема победа на народот пред се, а потоа победа и на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата на  предвремени парламентарни избори. Се надевам дека и од овде и од Битола, местото од каде што ја започнуваме и оваа наша кампања наречена „Обнова за Македонија“ да ги повикам да се охрабрат да се осмелат да се соочат со народот, да излезат  помеѓу народот да видат дали навистина „блескаме“. Единствено нешто што „блеска“ се куфер политиките. Затоа  да се охрабрат и да излезат од оние дебели кожени фотељи и да распишат предвремени  парламентари избори и да видиме дали политиките на Зоран Заев и СДСМ „блескаат“ или „блеска“ незадоволството на народот, изјави пред битолчани Мицкоски.

м 1

миц 2

миц 3

миц 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани