АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите на с.Тепавци, Општина Новаци добија нов асфалтен пат во должина од 3 километри .
Станува збор за инвестиција финансирана од Влада на Р.С.Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој .Изградбата и асфалтирањето на овој локален пат е во вредност од 18.901.948 денари, инвеститор е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а изведувач на градежните работи е Стентон Градба ДОО Битола.
Финансиската поддршка е по мерката 321 (подобрување на квалитетот на живот во руралните средини) од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој .
-После неколку децении жителите на с.Тепавци добија нов асфалтен пат во должина од 3 км.Сега е целосно олеснат пристапот до ова населено место така што го решивме деценискиот проблем на жителите од ова село што овозвоживме инфраструктурно поврзување благодарение на финансиската поддршка од Владата на РС Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Програмата за рурален развој е одличен пример за тоа како се подобруваат условите за живот во руралните средини. Ние како локална самоуправа подготвуваме бројни инфраструктурни проекти кои се од приоритено значење за локалното население од понеразвиените населени места од нашата општина и максимално ги искористуваме средставата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој .Ги подобруваме условите за живот и овозможуваме обнова и развој на сите населени места во општина Новаци -истакнува градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.