2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вработени од „Пазари“, „Комуналец “ и граѓани го исчистија ѓубрето околу Новиот пазар

Септември 28, 2019

Вработени од јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ како и граѓани од околните населби од утрово го чистат просторот околу Новиот реонски пазар во Битола.Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека во многу наврати  и самоиницијативно со поголеми акции го исчистиле просторот околу Новиот  реонски пазар, но за жал за кусо време отпадоците се насекаде на оваа локација.

-Треба подигање на свеста на граѓаните околу заштитата на животната средина. Токму овој простор многу пати е чистен средуван и дезинфициран , но повторно и повторно се фрла секаков отпад. Денеска со наши вработени и вработени од „Комуналец“ излеговме на терен и што е за респект ни се приклучија и граѓани. Тука сме да ја смениме сликата на подобро, и се надевам дека оваа слика ќе потрае и ѓубрето секој од нас ќе го фрла онаму каде што му е местото, во контејнерите а не по земја, на улица или каде ќе им текне. Мора да ги чистиме дивите депонии и да не дозволиме да се повторат,  изјави Атанасовски за апла.мк 

pazar

Од денеска ЈП „Комуналец“ ја започна  големата акција за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија  учествуваат и јавните претпријатија „Водовод и „Нискоградба“, а во акцијата учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население.

pazar 1

72086579 726275131168262 4078070034507759616 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани