2win800x200

СДСМ: ЈП Пазари книжи загуби од над 3 милиони денари

Април 26, 2023

Интегрален текст од прес конференцијата на Елена Кромидаровска, советник од СДСМ

 

Јавното претпријатие Пазари е во загуба од 3.149. 562 денари.

Од доаѓањето на власт во Битола, коалицијата предводена од ДПМНЕ на чело со градоначалникот Тони Коњановски, успеа ова јавно претпријатие, кое беше пример за многу други во државата, да го претворат во загубар.
До пред една година, Пазари важеше за јавно претпријатие кое е пред времето – прво инсталира фотоволтаици за да штеди струја, заедно со градоначалничката Петровска го реновира просторот и управната зграда, а сега книжи над 3 милиони денари загуба. Ако не беа субвенциите од општината и градоначалникот Коњановски, Пазари не ќе можеа да поделат плата на вработените.
Тоа е успехот на директорите од ДПМНЕ и коалицијата, тоа е заслуга на градоначалникот Тони Коњановски!
Од материјалите доставени до советниците, не е тешко да се разбери зошто Пазари е на работ на пропаст. Во Пазари лани се потрошиле над 160.000 денари за канцелариски материјали, за агенциски вработувања над 2,5 милиони денари, за останати надоместоци на вработени над 200.000 денари, трошоците за управниот одбор на Пазари се фантастични 540.000 денари, а претпријатието и покрај тоа што е во загуба од над 3 милиони денари, потрошило над 300.000 денари за спонзорства.
Ова е класичен пример за безмилосно трошење на парите на битолчани за партиски цели и за лични удобности. Дали директор се вика Никола Гацовски или директорка е Соња Карапашовска, за Пазари и за Битола нема разлика. Матрицата на ДПМНЕ и коалицијата е непроменета од времето на Двојче и компанија – да се разграби колку што се можи повеќе, да се натрупаат долгови во јавните претпријатија и да се закочи било каков развој на Битола. Прашање на време е кога Пазари ќе прогласи стечај, кога ќе поскапи тезгарината, кога вработените ќе останат без плата, а Битола без зелен пазар.
Најголемата одговорност за катастрофата во Пазари и во останатите јавни претпријатија во Битола, “лежи” кај градоначалникот Тони Коњановски. Тој ги назначува директорите и тој треба да побара одговорност од нив за недомаќинското работење. Ама, Коњановски не бара одговорност од неспособните директори оти и самиот за една година потроши над 30 милиони евра, пари на граѓаните, а не реализира ниту еден проект за подобар живот на битолчани.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани