АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за здравство Венко Филипче на неговата фејсбук страница напиша дека денес во Битола има 10 новозаболени, а Центарот за јавно здравје во денешниот извештај дека се 9. Од Центараот соопштија дека деветемина битолчани се на возраст од 33 до 78 години, две лица даваат податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство.
Во Кичево денес има заболени 2 лица на возраст од 31 и 33 години, не даваат податок за контакт со позитивно лице.
Во Ресен и Д. Хисар денес нема новозаболени лица.
Денес се регистрирани 6 оздравени лица, и тоа 4 од Битола, 1 од Кичево и 1 од Ресен.